• Latest

Ковид-19: Стигмата придонесува и болни граѓани да не бараат помош од лекарите

April 17, 2020
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковид-19: Стигмата придонесува и болни граѓани да не бараат помош од лекарите

April 17, 2020 10:44
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Се прашувате ли некогаш како се чувствуваат лицата заболени или носители на корона вирусот, или како им е на оние кои се во самоизолација или во државен карантин? Со што се соочуваат тие и нивните семејства кои би можеле да бидат следни во низата? Насловите во медиумите се полни со информации (некогаш точни, некогаш лажни) само за оние кои ги прекршиле правилата за самоизолација, полицискиот час и слично, но ретко кој се прашува дали им треба помош, разговор или имаат некаква потреба лицата или семејствата коишто во најголем број ги почитуваале здравствените и мерките на државата.

Освен што се соочуваат со евентуално заболување, овие лица поради пандемијата и ограничувањата, не смеат да излегуваат никаде од својот дом ниту, пак, да се снабдат со основните продукти што им се потребни. Секој ден за нив е нов предизвик, од секаков аспект. Од здравствен, од психолошки, од социјален… Точно дека во јавноста се споделени телефонски броеви за психолошка помош, но дали секој се чувствува слободно да сподели нешто лично за себе и за својот живот со некој непознат од другата страна на телефонскиот апарат.

Деновиве повеќе лица кои беа инфицирани со коронавирусот, кои се во самоизолација, изолација, па дури и во државен карантин, излегоа во јавноста изнесувајќи ги своите приказни. Едно е заедничко дека вирусот е невидлив и дека речиси никогаш не знаеш кога можеш да заболиш.

А најголем дел од оние што се заболени вирусот го добиле несвесно, не сакајќи, некои дури и применувајќи ги сите препораки на здравствените власти. Оние, пак, кои се во самоизолација се нашле во таква ситуација бидејќи исто така не знаејќи, несвено се нашле во контакт со некој што најчесто не знаел дека е заболен или инфициран… И на крај од овој дел, лицата во државен карантин… Заминале секој од своја причина некаде далеку и сега кога светот се соочува со пандемија од Ковид-19, решаваат да се вратат дома или, пак, биле на пат за дома, па биле затекнати во некоја странска земја. Но, за да се вратат мора да поминат во карантин некаде во некој хотел, не знаејќи какви ќе бидат условите, не познавајќи ниту еден од луѓето околу себе… И тие како и овие другите се соочуваат со можноста да се разболат, но и се социјално „дисконектирани“ од семејството, кое е можеби само на неколку километри од нив.

Некој од нив утре можеби ќе стане секој од нас. Овие луѓе, кои се од сите професии, профили, возрасти, етнички припадности, од сите делови на земјата, богати или сиромашни, припадници на различни политички партии… заслужуваат многу поголема поддршка од сите нас. На социјалните мрежи, во телевизиските и медиумските прилози.

Страв, незнаење, предрасуди, стигматизација, дискриминација

Двајца возрасни скопјани застанати пред аптека разговараат колкумина во околината каде што живеат се во карантин или изолација и дали некој е заболен.

„Опасно е таму кај тебе“, вели едниот. Вториот го прашува зошто и кој сè е во изолација или заболен, по што следуваа имиња на луѓе, описи на куќите или зградите каде што живеат.

Разговорот можеше убаво да се слушне бидејќи тие како и сите останати ја почитуваа препораката да стојат на оддалеченост од речиси два метра. Останатите што бевме во редот се погледнувавме меѓусебно. На моменти беше непријатно, бидејќи споменатите можат да бидат секој од нас, па дури и тие кои разговараа.

„Не можеш да ги запреш луѓето да зборуваат, се плашат“, вели еден мој пријател.

Претседателката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска во разговор за МИА истакнува дека државата со своите политики треба да им покаже на своите граѓани дека не треба да шират стигматизација и говор на омраза. Од друга страна, укажува и дека не можеме да се пожалиме на досегашните одлуки и мерки преземени од властите.

Хелсиншкиот комитет од самиот почеток на кризата укажува на важноста и значењето од почитување на човековите права во услови на вонредна состојба.

Народниот правобранител, пак, ја следи ситуацијата со лицата во државниот карантин и има испратено допис до Владата и е во постојани контакти со претставници на институциите следејќи ги условите во кои се сместени лицата во државен карантин и нивните права. Од канцеларијата на Народниот правобранител потсетуваат дека согласно Конвенцијата за заштита од тортура забранет е секаков вид нехумано и нечовечко постапување.

„Човековите права мора да се почитуваат“, нагласуваат оттаму.

И покрај бројните укажувања дека заболените, оние што се во изолација, во самоизолација или во државен карантин не треба да се стигматизираат, се отиде дотаму што дел од имињата на заболени со Ковид-19 беа објавени на социјалните мрежи. Станува збор за лица од Куманово, а за случајот информираа неколку електронски медиуми.

Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) минатата недела поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство врз основа на член 149 од Кривичниот законик за злоупотреба на лични податоци, заради неовластено објавување списоци со наслов Коронавирус – КОВИД 19 на кои се објавени имиња, датум на раѓање и адреса на живеење. Согласно Законот за заштита на личните податоци обработката на податоци што се однесуваат на здравјето на луѓето е забранета.

„Ваквата обработка на личните податоци вклучително и фотографирање списоци со лични податоци на лица кои се инфицирани со коронавирусот или, пак, се во домашна изолација или во државен карантин, како и нивно објавување и какво било друго споделување без законска основа, претставува прекршување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци, како и дека ваквиот начин на обработка на личните податоци претставува кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ од член 149 од Кривичниот законик, за што е пропишана парична казна или казна затвор“, се потенцира во соопштението.

Согласно Законот за заштита на личните податоци, обработката на податоци што се однесуваат на здравјето на луѓето е забранета, а може да се врши само во строго утврдени исклучоци согласно закон.

Од АЗЛП посочија дека исклучоците за обработка на овие податоци утврдени со закон не се однесуваат на јавно објавување на личните податоци за инфицирани лица или лица во самоизолација, па оттука секое објавување и споделување лични податоци од страна на неовластени лица, за лица заболени од коронавирус или лица кои се во домашна изолација или во државен карантин, претставува повреда на приватноста и на правото на заштита на личните податоци и подлежи на санкции согласно закон.

Засега нема информации дали е откриено лицето или лицата кои ги споделиле на социјалните мрежи овие податоци.

Реагираше и Мрежата за заштита од дискриминација, која апелираше и бараше од Владата и надлежните институции да преземат мерки за спречување на вознемирувањето и прекршувањето на човековите права на луѓето позитивни на Ковид-19 и на луѓето кај кои постои сомневање дека се позитивни на вирусот.

„Прво, покрај здравствено-економската криза, Законот за заштита на правата на пациентите го гарантира правото на доверливост на сите пациенти, што значи дека здравствениот персонал не смее да издава какви било податоци поврзани со здравствената состојба, помеѓу кои и статусот Ковид-19, на трети лица кои не се вклучени во лекувањето на пациентот и во професионалното следење на епидемијата. Медиумите, вклучително и интернет-порталите, имаат обврска да го почитуваат Законот за заштитата на личните податоци, а Агенцијата за заштита на личните податоци треба соодветно да постапува и да ги санкционира“, потенцираа од Мрежата за заштита од дискриминација.

Со објавувањето на личните податоци на луѓето заболени од Ковид-19 или, пак, податоците на оние кај кои постои сомневање, како што посочија, се ризикува нивната безбедност и благосостојба.

„На овој начин, самите пациенти се изложуваат на јавен линч, се прогласуваат за опасни по јавното здравје, вината за инфицирањето се бара во нив, а тие се обележуваат како неодговорни, несовесни и опасни граѓани. Со обвинувањето на пациентите и јавното линчување поединци се креира стигма околу коронавирусот, а самите пациенти се изложуваат на вознемирување како форма на дискриминација, токму поради нивниот здравствен статус“, наведуваат од Мрежата за заштита од дискриминација.

Воедно, потсетуваат дека со ова се прекршува и Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој забранува дискриминација поради здравствен статус.

„Стигмата околу коронавирусот и стравот од реакцијата на околината се клучни фактори коишто ги оддалечуваат пациентите од здравствениот систем и од институциите кои се обидуваат да се справат со корона-пандемијата. Со други зборови, доколку постои ризик граѓаните кои се позитивни на корона да бидат јавно осудувани и прозивани, помала е веројатноста дека тие ќе сакаат да се тестираат, да се обидат да побараат помош од здравствениот сектор, да ги почитуваат мерките и да даваат искрени одговори за нивните контакти. Поради истите причини, воведувањето мерки како јавно објавување на имињата на носителите на вирусот се контрапродуктивни на напорите за надминување на кризата“, се наведува во соопштението.

Прашањето што се поставува е кој е јавниот интерес да бидат објавени имињата на заболените, бидејќи таа информација не му користи на обичниот граѓанин, напротив, само предизвикува гнев, осуди и ризик од насилство и прекршување други права.

„Доколку сите ги почитуваме мерките за социјално дистанцирање и хигиена, без разлика дали имаме позитивен, негативен статус или не сме направиле тест за Ковид-19, можноста да се инфицираме без разлика дали сме биле во близина на заболено лице се намалува. Оттука, вниманието на медиумите и на јавноста треба да биде насочено кон спроведувањето и почитувањето на мерките, а не кон поединците коишто се позитивни на вирусот“, потенцираа од Мрежата за заштита на дискириминација. 

Статистиката е бројки, а бројката може да биде секој од нас

Заклучно со вчерашната објава на Министерството за здравство вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 367, Куманово – 306
Дебар – 51, Штип – 32, Прилеп –100, Тетово – 48, Струга – 50, Велес – 40, Битола –15, Охрид –7, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 2.

Во оваа бројка се и над 120 здравствени работници кои заболеле од Ковид-19, дел поради тоа што пациентите не одговориле точно на епидемиолошките анкети, дел можеби поради несоодветна заштита.

Пред велигденскиот викенд бројката на починати кај нас изнесуваше 45 лица.

Нови дијагностицирани случаи со Ковид-19 има секојдневно, а дали тие бројки ќе се зголемуваат во текот на следните недели ќе зависи од тоа колку граѓаните денес, утре, за велигденските и рамазанските празници, во следните недели ќе ги почитуваат препораките и мерките на здраствените власти и Владата, колку тие да ни се допаѓаат или не.

Бројката на лица кои се во самоизолација надминува десет илјади, а неделава заврши и организираното враќање на македонските државјани од странство со чартер летови.

За помалку од еден месец во земјата беа репатрирани 3.032 наши граѓани кои поради пандемијата биле затекнати во странство. Сите тие подлежат на ддржавен карантин и се сместени во хотели или други објекти, под здравствен надзор.

Северна Македонија е една од земјите во светот која во моментот се соочува со пандемијата со Ковид-19.

Според податоци заклучно вчера во 20 часот во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.143.703 лица. Од нив починати се 143.258, а оздравеле 540.067 луѓе.

Оваа бројка се очекува да се зголемува, особено во одредени делови во светот. Многу земји веќе најавија продолжување на кризните мерки до средината на мај, од кога би можело да се очекува постепено нивно олабавување. Но, едно е сигурно: ништо веќе нема да биде како пред пандемијата од Ковид-19.

извор МИА

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ