Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, денеска поднесе оставка по вчерашната средба на кабинетот, каде тој жестоко се судри со министерот за одбрана Панос Каменос, во врска со Договорот од Преспа, пишува Катимерини.
Според изворите на Катимерини, Коѕијас е незадоволен од тоа што за време на вчерашната средба премиерот Алексис Ципрас воопшто не се обидел да го поддржи и да се спротистави на нападите од Каменос.
Според истите извори, за време на состанокот на кабинетот, Каменос го обвинил Коѕијас за лошо управување со тајните фондови на Министерството за надворешни работи, именувајќи го како човек на американскиот милијардер Џорџ Сорос. Изворите додаваат дека Коѕијас е „длабоко навреден“ од ваквата постапка на Каменос.
Се уште не е познато дали Ципрас ќе ја прифати неговата оставка.
К. С.