Categories

СТАВ Културата не е механизам за класна или етничка стереотипизација

Ми остави впечаток хистеричната реакција кон министерот Асаф Адеми. Нормално е дека позадината на една таква реакција може да е поврзанa со  калкулациите за иден претседател, промените во власта и судбината на субјектот од каде доаѓа самиот министер.

Латиф Мустафа

Наспроти тоа, министерот Адеми, според мое мислење, дава една лекција по демократија која и недостасуваше  долго на земјата. И тоа, поради две работи: првата е неговата подготвеност  за ревидирање на сите проекти кои не  поминаа од страна на комисијата, и тоа во присуство на медиумите, и втората, неговата подготвеност да даде оставка.

Хистеричните реакции дојдоа од двата македонски политички кампуси, вклучувајќи ги тука и нивните тентативи во секторот на  цивилното и интелектуалното друштво.

Овие реакции откриваат нова перспектива на една стара вистина. Реакциите откриваат еден вид на номенклатура или расплет на мрежата на „културната мафија“ која делува под сенка; и која  дисбалансот на параметрите внатре во себе, ги интерпретира како националистички обид на албанците, исто така и политичкиот менталитет на многубројни македонски политички актери кои културата ја конципираат како хегемонија и механизам за класна поделеност, преведено во термините „македонска супериорност“ и „албанска инфериорност“.

Во суштина, културата не е механизам за класна или етничка стереотипизација, туку е можност за откривање на етничките различности и како такво ни служи за засадување взаемна љубов која се создава од спротивностите и различностите.

Предвесниците на „живот за сите“, треба да се ослободат од колонизирањето и хегемонистичката културна супериорност, колку и да е овој процес тежок. Во спротивно, идеалот на општеството „живот за сите“ останува еден демократски обид закачен на куката на хистеричниот наратив на историјата.

Print Friendly, PDF & Email