Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово во врска со преземање на активности и мерки од ширење на корона вирусот. На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки: Владата да обезбеди одредена количина на заштитни маски кои бесплатно ќе се достават до граѓаните на Општина Куманово, согласно донесените мерки за нивно задолжително носење, да обезбеди опрема со мегафони за известување кои ќе се користат за спроведување на најновите мерки, да се регулира начинот на доставување на негативните и позитивните резултати од тестирањето на Ковид-19 до граѓаните како и промптно информирање на ЦЈЗ Куманово и ОШЗС Куманово.
Од Општинскиот кризен штаб на Куманово апелираа граѓаните да се придружуваат согласно мерките и препораките на Министерството за здравство и на Влада и да се однесуваат одговорно кон себе си икон другите во превенција од корона вирусот.












