Веста за смената на 78-те општински раководители на СДСМ оддекна силно во македонската јавност, но реакциите, очекувано, беа различни.
Една од реакциите доаѓа од Софија Куновска, актерка, граѓанска активистка и долгогодишна функционерка на СДСМ која никогаш не се воздржувала од гласно искажување на несогласувањето со политиките и практиките, било да доаѓаат од централата на партијата или од друго место.
Куновска напиша:
Мал писмен придонес до ЦО на СДСМ
Заев: Пораките од граѓаните се јасни, арогантните, недостапните и неуспешните ќе заминат од функциите.
Граѓаните: Не се тие нашите пораки.
Отсуството на правна држава, корупцијата, непотизмот, пазарењата, непочитувањето на законите, претоварената администрација, лошите кадровски политики, криминалот, немањето реформски капацитет, нерасчистувањето со Скопје 2014, загадениот воздух, неефикасноста на јавните сервиси, лошото образование, бројчаникот, отсуството на културни политики, несправувањето со криминалот од минатото и истите практики како претходната власт, се причините заради кои не и се верува на оваа власт.
Мал писмен придонес до ЦО на СДСМЗаев: Пораките од граѓаните се јасни, арогантните, недостапните и неуспешните ќе…
Gepostet von Софија Куновска am Freitag, 24. Mai 2019