Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира злонамерните невистини објавени од порталот Курир во текстот „Ексклузивно: Две возила од Косово полни со оружје влегле во Македонија – МВР знае, но сепак молчи?!“
Таков настан се нема случено и очигледно е дека станува збор за лажна вест. Министерството за внатрешни работи бара од одговорните лицa на порталот „Курир“ да биде објавен демант со кој категорични се негираат изнесените лажни информации во овој текст.
„Бараме овој текст базиран на лаги и со очигледна цел да ја вознемири јавноста, а објавен во 19:24 часот на 21 октомври 2018 година да биде повлечен и да биде објавено извинување.“ – се вели во краткото соопштение на МВР што уследи по предупредувањето на владиниот портпарол Миле Бошњаковски пред повеќе од два часа, кој на Твитер објави: „Лажна вест е информацијата споделена на онлајн порталот Курир со наслов “Две возила од Косово полни со оружје влегле во Македонија”.
На тоа се надоврза и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој твитна: „Порталот Курир да ја повлече лажната вест и да се извини.“
М. Л.
фото: ЦИВИЛ