• Latest

Кузеска: Намалувањето на маржите, измама која ги штити трговците

October 26, 2024
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Кошта до Вашингтон: Сојузници не се закануваат дека ќе се мешаат во демократијата на своите партнери

December 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025: (Не)научени лекции – Формален ритуал наместо вистински демократски процес

December 8, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Молкот на граѓаните ја легитимира корупцијата

December 8, 2025
фото: ВИ

„Младите бегаат, мигранти доаѓаат“: СДСМ го обвинува Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Милошоски демантира – „тоа се спинови“

December 8, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Арно што Трамп не беше претседател на САД во 1941 година

December 8, 2025
Фото: Фејсбук на Ивица Томовски, директор на СОЗР

СДСМ бара истрага за Томовски: Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата

December 8, 2025

(ИНФОГРАФИК) Хибридниот арсенал на Русија: Како Москва напаѓа без да објави војна

December 8, 2025
Џабир Дерала, ЦИВИЛ (Фото: Г. Н. / ЦИВИЛ)

Дерала: „Хоризонти на слободата“ ги обединува демократските гласови од Европа, САД и регионот

December 8, 2025
Скриншот од видео на
APT

Рускиот Африкански корпус, замената за Вагнер во Мали, врши воени злосторства, вклучувајќи силувања и обезглавувања

December 7, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ не се извинува на Томовски, бара од  Обвинителството и ДКСК да покренат истрага – директорот на владината СОЗР најавува тужба

December 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: Намалувањето на маржите, измама која ги штити трговците

October 26, 2024 12:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По само неколку недели од воведувањето, анализите покажуваат дека владината мерка за намалување на цените на основните производи е целосно неефективна. Голем дел од цените не се намалени, некои се намалени минимално, а за некои производи цените дури и се зголемени, пренесува МИА.

Оваа мерка се покажа како голема измама на Владата, која очигледно ги штити трговците, а не граѓаните. Според реалните теренски анализи, освен ПР кампањата на Владата со налепници „загарантирана цена“ во маркетите, ништо друго не се променило.

 

Еве ги бројките. Во октомври, синдикалната кошничка е намалена за само 57 денари во споредба со претходниот месец. Тоа е заштедата за граѓаните за еден месец од мерките на Мицкоски. Денес, на едно четиричлено семејство му се потребни 61.249 денари за основните потреби во месецот, додека просечната плата падна за 1.000 денари откако Мицкоски стана премиер. Овие индикатори покажуваат дека животниот стандард на граѓаните драстично опаѓа и дека имаат сè помалку пари во џебовите.

 

Економистите со право ја критикуваат Владата за неуспешната економска политика. Никој не препознава план или знаење кај оваа Влада да го подобри стандардот на граѓаните ниту да ја зајакне економијата.

 

Додека граѓаните живеат сè полошо, Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 450 евра. Со потсмев им вели на граѓаните „да почекаат, ќе бидат задоволни“. Чекаат работниците за повисоки плати, а граѓаните за ефективни мерки за намалување на цените.

 

Сите чекаат Владата да се смилува и да преземе нешто што ќе значи директна поддршка за семејствата и родителите кои се борат да ги покријат основните потреби.

 

Наместо да манипулира со лажни кампањи, Мицкоски треба да се охрабри и да ги продолжи добрите политики на СДСМ. Јасно е дека нема економски концепт и дека со неговите политики сите осиромашуваат. Време е да признае дека вака веќе не може и да го прифати предлогот за зголемување на минималната плата. Ова е решение кое ќе донесе бенефит за сите работници, ќе ја зголеми минималната плата, а со тоа и просечната плата. Секое семејство ќе има повеќе пари.

 

На денешната прес конференција СДСМ уште еднаш ја повика ВМРО-ДПМНЕ и Владата да го прифати предлогот за поголема минимална плата од 450 евра затоа што тоа ќе значи бенефит за сите работници и нивните семејства, потенцирајќи дека тоа е вистинска потреба за подобар животен стандард на граѓаните.

 

– Додека граѓаните живеат сè полошо, Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 450 евра. Со потсмев им вели на граѓаните „да почекаат, ќе бидат задоволни“. Чекаат работниците за повисоки плати, а граѓаните за ефективни мерки за намалување на цените. Сите чекаат Владата да се смилува и да преземе нешто што ќе значи директна поддршка за семејствата и родителите кои се борат да ги покријат основните потреби. Наместо да манипулира со лажни кампањи, Мицкоски треба да се охрабри и да ги продолжи добрите политики на СДСМ. Јасно е дека нема економски концепт и дека со неговите политики сите осиромашуваат. Време е да признае дека вака веќе не може и да го прифати предлогот за зголемување на минималната плата. Ова е решение кое ќе донесе бенефит за сите работници, ќе ја зголеми минималната плата, а со тоа и просечната плата. Секое семејство ќе има повеќе пари, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

 

СДСМ обвинува дека по само неколку недели од воведувањето, анализите покажуваат дека владината мерка за намалување на цените на основните производи е целосно неефективна додека стандардот на граѓаните опаѓа.

 

– Денес, на едно четиричлено семејство му се потребни 61.249 денари за основните потреби во месецот, додека просечната плата падна за 1.000 денари откако Мицкоски стана премиер. Овие индикатори покажуваат дека животниот стандард на граѓаните драстично опаѓа и дека имаат сè помалку пари во џебовите, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција на партијата.

 

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кривична за Костадинов за набавка на електрични автобуси, екс-градоначалникот на Струмица ги отфрла сите сомнежи

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ