„Нема да заслужите добрина сè додека не дадете дел од тоа што ви е драго! А што и да дадете, Аллах тоа добро го знае“, (3:92).
„Збогатете ги вашите добри дела и приклучете ни се во обезбедувањето на ифтарската софра на бегалците во транзитните центри низ земјава, за да се присетат на радоста на заедничките ифтари! Вашето мало внимание во форма на донација е од големо значење за нив“, стои на Фејсбук повикот на Легис.
Еден ифтар чини 180 денари. Хуманите граѓан(к)ите ќе може да донираат на онлајн донација: www.legis.mk/donate
Жиро сметка: Стопанска Банка АД Скопје 200002991657502
Д.М.