Се јави и Левица и си побара:
„Безусловно суспендирање на противуставната и илегална владина иницијатива за промена на Уставот на РМ и поништување на отфрлениот т.н. „Преспански договор“; Итно распуштање на парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори; Формирање преодна техничка влада со ограничен мандат единствено за спроведување фер и демократски избори“.
Македонија мора да се подготви, бидејќи:
„Политичката партија Левица најавува дека во иднина се враќа на улиците и ќе ги искористи сите парламентарни и вонпарламентарни начини на политичка борба, со цел враќање на киднапираниот суверенитет на народот! Обзнануваме дека во секоја наредна фаза на гласањето на контроверзните уставни промени ќе бидат организирани масовни антивладини простести под мотото #НароднаСамоодбрана, пред законодавниот дом, во кој седат гробарите на АСНОМска Македонија! Секојдневни радикални политички акции, во координација со сите засегнати политички чинители кои се против промена на уставното име, ќе бидат систематски преземани низ територијата на целата Република.“
Ете… И ова влегува во рубриката Политика…
Џ. Дерала