Лидерската средба започна, а во претседателската вила на Водно пристигнаа лидерите на сите парламентарни партии.
Прв пристигна лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
По него пристигнаа и Биљал Касами лидерот на Беса, потоа Зијадин Села лидерот на Алијанса за Албанците, премиерот Зоран Заев и Мендух Тачи од ДПА.
Со задоцнување од десетина минути пристигна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а меѓу присутните новинари веќе се коментира истиот однос на Мицкоски како и на неговиот претходник Груевски, кој доцнеше на сите средби и прес-конференции.
Лидерите се поканети на лидерска средба на барање на претседателот на државата, Стево Пендаровски, откако Македонија не доби одлука за датум за почеток на преговори со Европската Унија.
За 20 часот вечерва е закажана средбата на премиерот Заев со помалите коалициски партнери. Се очекува пристигнувањето на лидерите на политичките партии во претседателската вила на Водно, каде на барање на претседателот Пендаровски беа повикани на средба, откако Македонија не доби одлука од ЕУ лидерите за старт на пристапните преговори.
Се очекува на денешната средба да биде договорен датумот за предвремените избори.
М. И.
фотографии: Арбен Зеќири