За време на паузата лидерите Заев, Ахмети и Касами седеа на една маса, додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кафето го испи во дворот на Клубот на пратеници.
Официјална информација за тоа што се разговарало во првиот дел од средбата засега нема. Од СДСМ кусо велат дека разговорите продолжуваат, но дека лидерите се далеку од договор, јавува МИА. ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека на средбата сѐ уште не станало збор за референдумот, туку се разговарало за концептот за финансирање на политичките партии и за Законот за Влада. Оттаму велат дека владеачките партии на средбата дошле неподготвени. Од опозициската партија информираат дека Мицкоски, сепак, нема да повика на бојкот на референдумот, во ситуација кога СДСМ инсистира на успешен референдум.
На лидерската средба треба да се дискутира за повеќе прашања, меѓу кои и за составот на ДИК и претстојниот есенски референдум за името, посебно формулацијата на реферндумското прашање. Лидерската средба е тешка и деликатна.
А.П.
фотографија во прилог на текстот: Киро Попов/kolektif.mk