Актуелната директорка на управата за јавни приходи, Сања Лукаревска е изгласана за втора заменик-претседателка на СДСМ, по повлекувањето на Радмила Шекеринска.
Предмалку со 682 гласа „за“ и два „против“, Лукаревска беше избрана на предлог на партискиот лидер Зоран Заев на денешниот 26. конгрес на партијата. Таа доаѓа на местото на Радмила Шекеринска која два мандати беше на оваа позиција.
Во новиот Централен одбор избрани се лекарите Венко Филипче, Милена Стевановиќ, Софија Пејкова и Ана Данева, како и Адријана Будимир, Дарко Каевски и Нина Фити.