Минатата недела ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓанките и граѓаните на Скопје кое е нивното мислење за македонското јавно здравство.
На скопскиот плоштад налетавме на двајца пензионери, едниот доктор во пензија, другиот корисник на здравствените услуги, пријатели кои имаа различни ставови за јавното здравство во земјата.
„Катастрофа! Што да ви кажам каде и да погледнеш, сè е гнило! Тешко на народот и на нас пензионерите!“ вели едниот од нив, набројувајќи ги ветувањата кои ги дал министерот за здравство, а сè уште не се ни започнати.
„Што да ви кажам, мислам дека е доволно развиено, има насекаде, за разлика од порано… Јас доаѓам од здравството, затоа и немам ништо против здравството“, вели другиот, продолжувајќи ја дискусијата со својот пријател.
М. Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Буњамин Камбери