поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Македонија е редок пример на држава во која предвремените избори станале редовни. Денеска е именден на Груевски. Овој ден ќе остане запамтен по тајно снимениот негов разговор од УБК, на чист македонски јазик, со „лидерот“ на ДУИ, објавен со „бомбите“ на Заев.
АЛБАНЦИТЕ СЕКОГАШ ДОБИВАЛЕ ПРАВА ПОД ПРИТИСОК ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА
Се согласувам со сѐ друго што мојот пријател Ерол Ризаов го изнесе во вчерашната колумна во СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, освен дека „Албанците правата ги стекнале и со добра волја и толеранција на мнозинскиот народ“.
Јас мислам дека тоа никогаш не се случило без притисок на странскиот фактор. Дека и припадниците на другите народи, на Албанците секогаш им ја даваат поддршката за правата што самите ги немаат. Се случило дури и тоа, еден таков „припадник“ од собраниска говорница на Албанците да им се заканува со Слободан Милошевиќ, без при тоа било кој друг пратеник да реагира. Дека до изборите, а многу веројатно и по нив, ќе гледаме разни драмолетки додека Македонија не ги почне преговорите со ЕУ. Многу „драмолетки“ во минатото сме гледале и кога тие од ЕУ, исто како амбасадорот Жбогар сега, ни велеа дека сме направиле сѐ што барале од нас, освен односите со соседите.
ПОРОТНИЦИТЕ НЕ НИ ЧИНАТ
Изгледа во право е Амбассдорот Жбогар кога вели дека судиите не ни се толку лоши. Поротницете не ни чинеле.
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.