Одбележувањето на Светскиот ден на населението Македонија го дочекува со неизесност околу одржувањето на пописот, предвиден за 2020 година заради несогласувања околу законот за попис што уште не е изгласан во Собранието. Пописот треба да почне во април следната година, а ќе чини 8,5 милиони евра и треба конечно да даде реална бројка на населението во државата. Но, несогласувањата меѓу власта и опозицијата не остава да се тешиме со бројка од 2.022.547 граѓани според пописот во 2002 година и со официјалната бројка на Државната изобрна комисија, на гласачи на последните, претседателски избори оваа година со вкупно 1. 808.131 гласач вклучително и оние од дијаспората. Колку овие бројки се реални е отворено прашање која колку и да не влијае на глобалната демографска мапа, сепак, создава политички и општествени јазли на нашето поднебје.
Светот денот го одбележува со цел потикнување одржлив развој, борба за родова еднаквост и едукација при планирање на семејството, а во Северна Македонија Државниот завод за статистика треба да „моли“ летово да се изгласа законот за да може наредната година и да се преброиме.
Настрана сите фактори, мерки и реформи што се преземаат, нашата држава е далеку од овие начела и принципи на кои се повикуваат големите светски организации.
Денеска светот го населуваат вкупно 7,7 милијарди, Според проекциите, до 2050 ќе бидат близу 10 милијарди луѓе.
Б. Ј.