Categories

ИСТРАЖУВАЊЕ Македонија нуди поголема еднаквост на работното место од САД

Според индексот за Еднаквост на работното место, изработен од Европскиот совет за надворешни односи (ЦФР), Македонија нуди поголема еднаквост на работното место од САД, Германија или Норвешка.

Резултатите од истражувањето извршено врз 189 држави, основано на неколку фактори за еднаквост на работното место како што се обезбедување стимулации за жените да се приклучат на пазарот на труд, поддршка на жените во градењето кредитен рејтинг, можноста жените можат да добијат иста работа како и мажите и присуство на заштита од насилство, Македонија се наоѓа на 17. место со 86,6 поени.

Од регионот, најдобро пласирана е Босна и Херцеговина со 92,2 поени (6 место), потоа Хрватска со 87,7 поени (15 место), а зад Македонија се Словенија на 33, Албанија на 38, Косоо на 41, Бугарија на 47, Грција на 51 и Србија на 53 место.

Резултатите се пресметуваат од одговорите на 60 прашања како: Може ли жените да работат исто онолку часови како и мажите?” Дали на мајките им се загарантирани еднакви позиции по породилното отсуство? Дали законот забранува дискриминација од страна на доверителите врз основа на брачниот статус и пристапот до кредит?

Максималниот резултат – со позитивен одговор на сите прашања – е 100, но ниту една земја не го постигна тој резултат.  Австралија, која ја предводи листата за еднаквост на работното место оствари 94,9 поени, додека Јемен е на дното, со 24,2 поени.

Од најдобро рангираните, после Австралија следуваат Канада и Нов Зеланд, а САД се на 20 место, Шведска на 21, Белгија на 23. и Германија на 31 место.

ЦФР предупредува дека често постои разлика помеѓу законите и фактичката состојба во една земја. Сепак, индексот нуди важен одраз на законските права на жените. Тоа покажува дека американското право, на пример, ги поддржува жените што се однесува до пристап до институциите и градењето кредититен рејтинг, но не кога станува збор за еднакво родово вработување, запирање на насилството врз жените и кредибилитетот на жените во суд. Во Норвешка треба да се работи на заштита на жените од родово насилство, а постои целосен недостиг на закони и прописи кои го поддржуваат пристапот на жените до кредит.

М. И.

Print Friendly, PDF & Email