„Почитувани,
сите ние припадниците на Министерството за внатрешни работи, денес кога го прославуваме овој голем празник за нас треба да бидеме свесни за нашата света обврска, да му служиме и да го штитиме сопствениот народ, сопствената држава, притоа максимално посветувајќи се да ја гарантираме нејзината стабилност и безбедност.
Почитувани колеги, години наназад покажавме дека сме на висина на задачата, покажавме и докажавме дека постои и волја и знаење и капацитет како да се справиме со најтешките ситуации.
Вечно ќе ги паметиме хероите кои ги загубија своите животи бранејќи ја нашата татковина, а истите треба да бидат пример за сите нас како бескомпромисно се штити Уставот и законите на Република Северна Македонија.
Нека ни е честит 7-ми мај – Денот на полицијата“ стои во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.










