Езџан Алиоски, македонски фудбалски репрезентативец, бил избркан од еден ресторан во неговиот роден град Прилеп затоа што зборувал на албански јазик. Бработените во ресторанот откако го слушнале Алиоски како заедно со родителите и роднини зборувал на албански јазик, им рекле да заминат со образложение дека сите маси се резервирани и нема место во ресторанот.
„Доживеав да бидам непожелен во ресторанот Ла Страда во Прилеп, само затоа што заедно со моето семејство зборувавме на албански јазик. Јас сум репрезентативец на Македонија и давам се од себе на секој натпревар за оваа земја, искрено и од срце. Но, секако не гледам зошто немам право да зборувам со моето семејство на мојот мајчин јазик. Навистина се чувствувам многу посрамено“, изјавил Алиоски за Екипа.мк.
Вработените кога сфатиле за кого станува збор се обиделе да ја исправат ситуацијата, но Алиоски не сакал да остане во ресторанот.