Архитектката и активистка Мерита Максути, на вчерашната панел дискусија „Борба, не кафана!“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода зборуваше за профилот на жените како личности кои ги движат промените, но и како и зошто 8 март.
„Кои се тие хероини и како се создаваат? Дали се тие само жртвите кои во еден момент се спротивставиле на неправдата и постхумно ги спомнуваме или се сите жени почуствувале но и имале храброст да се спротистават на всадени перцепции и стереотипови на улогата на жената во општеството? Кои се тие двигателки на промените? Па токму истите кои ја препознаваат потребата за промена на самата себе, општеството а потоа со самомотивацијата одржуваат кондиција на константна промена. Мотивацијата е постојан тест на самиот живот. Најголемата последица на тоа е сигурно самата промена. Секако, тука зборувам за конструктивната промена на свеста , освестување, будење и признавање“, рече Максути.
Таа смета дека има значителен недостиг на разбирање на културните, политичките и економските аспекти на нерамноправноста на жените во однос на мажите и некогаш , и дека истата тешко ја препознаваат.
„Понекогаш сме и самите несвесни дека ја доживуваме на сопствената кожа , но некако традиционалните начини на однесување не спречуваат да ги препознаеме. Можеби од причина што феминизмот е стигматизиран и со самото тоа се губи значителна платформа за отворање на темите за проблемите и предизвиците специфични за жените. Им се ускратува можноста за критичко расудување и со тоа делување.
За жал, едукацијата иако трае долги низ години е недоволна, како да е тој капацитет и та свест потрошна материја и се губи со секоја генерација. И кога го велам ова мислам на суштинско разбирање кое кога еднаш ке ве просветли нема враќање назад , продолжувате да чекорите по еднонасочна патека на реализирање на еднаквоста“, вели Максути.
За тоа зошто ни се случува сето ова Максути смета дека е затоа што сме родени во машко општество, каде тие ги одредуваат правилата и тоа толку е сраснато со нашата реалност што и ние тешко излегуваме од тоа милје. „Речиси невозможно е да просудувате во вака поставен систем на вредности и позиции“, децидна е таа.
„Мислам дека само жените кои се вистински освестени ќе го препознаат целиот спектар на взаемна поддршка од страна на системот во кој доминираат мажите , машкиот свет како го нарекуваат.
Не дека немавме победи откако почна со одбележување на денот но секако не е доволно за цел еден век. Но нашите многубројни идентитети не збунуваат , зашто ние дискриминираме на повеќе нивоа свесно или несвесно, со друга старосна група, етничка група, религиозна, урбана и рурална итн.
Заради тоа нас ни требаат жени и отворена солидарност помеѓу нас самите. Системски треба да се менува свеста и само со едукација , системска едукација. Ние често забораваме кога сме привидно прифатени во машкиот клуб дека тоа е само привидно се додека реалност не ви удри шлаканица. Треба да знаеме дека нема вистинско прифаќање, има сожалување, интенции, љубопитност.
И затоа не смее да се заборави дека 8 март е токму потсетување на таа константната борба против нееднаквост, за права, за раковдни позиции, носители на промени и да не го претвараме во кичерај и бесконечна комерцијализација која завршува со прослави, бесплатни ручеци, цвеќе , чоколади , ефтини и скапи поклони (правосмукалки, пегли) и 24 часа слава“, изјави Максути.
Маја Ивановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска