Categories

ОТПАД Малезија враќа контаминиран пластичен отпад на земјите што испратиле

Малезија соопшти дека ќе врати стотици тони увезен пластичен отпад во земјите од кои пристигнал, бидејќи не сака да стане глобална депонија.

„Апелираме на развиените земји да престанат да испраќаат отпад во нашата земја“, изјавила Јео Би Џин, малезиската министерка за енергетика, технологија, наука, животна средина и климатски промени.

“Отпадот ќе го вратиме во земјата од каде што пристигнал и нема да имаме милост”, изјавила таа по посетата на неколку контејнери полни со отпад во пристаништето Кланг, кое е најпрометно во земјата.

Секоја година се произведува околу 300 милиони тони пластика, се наведува во податоците на Светскиот фонд за природа, а повеќето од нив завршуваат на депониите или во морето, што се претвора во меѓународна криза.

Кина претходно презела големa количина од отпадот заради рециклирање, но престанала да работи минатата година со објаснување дека сака да ја подобри сопствената животна средина, пренесува AFP.

Сега и Малезија објавила дека ќе ја прекине оваа пракса.

Print Friendly, PDF & Email