Денеска, со почеток од 12:30 часот, Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница со повеќе точки на дневен ред.
Првата точка од дневниот ред се однесува на разгледување и усвојување на Извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи согласно членот 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, по известувањето од Претседателот на Собранието на Република Македонија за престанок на мандатот на пратеникот Томислав Тунтев.
Потоа следуваат, разгледување и усвојување на Предлог Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2019 година на Државната изборна комисија по програма 20; разгледување и усвојување на Предлог Финансиски план за распределба на средства за Изборите за Претседател на Република Македонија 2019 година; разгледување и усвојување на Предлог Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2019 година на Државната изборна комисија по програма 21 – Изборни активности за спроведување на Изборите за Претседател на Република Македонија 2019 година и разгледување и усвојување на Предлог Одлуката за висината на благајничкиот максимум за 2019 година.
Седницата е отворена за јавноста и ќе се одржи во малата сала за седници во седиштето на ДИК.