Механизмот како ќе се прави ревизија на дел од судските процеси сè уште се прецизира и први на тапет треба да се случаите кои се од висок профил на корупција и организиран криминал, рече министерот за правда Бојан Маричиќ во 24 Анализа.
Тој не исклучува под контрола да се најдат и случаите или пресудите кои ги суделе судиите кои беа нотирани во извештајот на Стејт департментот и извештајот од Прибе.
– Имаме извештаи на Прибе и на Стејт депратментот во кои многу јасно се прецизирани структурите во судството и поединечни луѓе. Дел од тие веќе не се во дел од судството, поголемиот дел се, но покажавме дека судството има сила кога сака да реагира на тие случаи. Ако си ја завршат работата луѓето во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители и дадат резултати ќе се смени атмосферата и прецепцијата за судството, истакна Маричиќ.
Маричиќ смета дека протестите на опозицијата се бесмислени и дека само сакаат ослободување на одговорност за случајите на СЈО и за опозицијата да не важи законот. Во однос на реформите, министерот истакна дека сака реформите да бидат правени во соработка со опозицијата.
– Довербата во судствот е доверба во системот и власта создава предуслови да ја качи еден степен погоре таа доверба, истакна Маричиќ во гостувањето во 24 Анализа..