-Нема да има пресуди во четири очи, ниту на телефон. судиите да одлучуваат по своја волја и по закон без мешање на извршната власт и со задржување на поделбата на власта. Довербата во судството заначи доверба и во системот затоа што кога немаат граѓаните доверба во судството немаат ни во системот. Имаме предуслови довербата да ја качиме еден степен погоре, рече Маричиќ на гостувањето во 24 Анализа.
На прашањето од претседателот на Комисјата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ Тони Менкиноски, „Дали министерот Маричиќ знае колку затвори има во Македонија?“, Маричиќ одговори – „Доволно. Доволно за да ги смести сите криминалци“.
Според него, најдоборо би било Судскиот совет и Советот на јавнии обвинители да вршат ревизија на слуачите по случаен избор и да провери пет остот од предметите.
-Прво ДКСК треба да направи проверка на имотот, а од друга страна да започне филтрирање, проветрување или прегледување на оние случаи каде има голем застој или каде има застарување и има можност да се направи анализа од кои причини настанало, појасни Маричиќ.
За проветрувањето на судството нагласи дека ќе треба да се направи методологија заедно со и под иницијатива на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.
Не е поентата, додаде, да има ваши и наши судии, туку судии кои се професионалци и работат по закон и испорачуваат ефикасна правда и судии и јавни обвинители кои биле под одредено влијание дали од политичка партија или бизнис или личен интерес.
-Борбата е како да се стави точка на правосудниот систем во кој доминира влијанието. Добри чекори се направени, меѓутоа има уште многу да се направи. Опозицијата ќе има подадена рака од нас цело време за да помогне во тој процес, потенцира Маричиќ.