На крајот од 2018 година, чеченските власти почнаа да ги киднапираат членовите на ЛГБТИ заедницата и ги затвора во владини објекти.
И додека ние си честитавме Нова Година со нашите пријатели и семејства, тие беа подложени на ужасна тортура како дел од „превентивното бришење“ на луѓе кои се сметаат за непожелни.
Најмалку две лица умреа како резултат на тортурата. Околу 40 други лица сè уште се држат во притвор. „Нивните животи се во опасност и мора да се дејствува брзо“ – алармира Амнеси Интернешнл.
Во тек е петиција во која се бара од Русија да преземе итни мерки за заштита на хомосексуалците и лезбејките што живеат во Чеченија.
ЦИВИЛ – Центар за слобода силно го осудува убиството и насилството врз ЛГБТИ+ заедниците во Русија и насекаде во светот.
Б. Ј.