Долги години ДУИ есенцијално ја деформира елементарната логика на албанското политичко организирање во Македонија. 17 години на власт, оваа партија го претвори политичкиот и општествениот живот во едно мочуриште од коешто се шири тешка реа. Единственото нешто што постигнало пораст со текот на годините е препотеноста на неукиот којшто си го троши времето само за две работи – што подлабоко со носот во туѓи пари и измислување на секакви патриотизми.
Ако надворешните структури имаат доверба во вас, ќе ви дадеме многу аргументи зошто ДУИ треба да оди во опозиција како општо национално добро. Всушност оваа партија не знае што се тоа внатрешни реформи за дополнување на функционалноста на државните институции.
Не знаат што е основна морална или политичка одговорност, да не зборуваме пак за правна. Не знаат, и ниту сакаат да знаат дека се таму за развој на земјата и подобрување на животот. Поимите економија, развој и добробит за овие водачи се непознати. Во ДУИ сум сретнал и познавам многу умни момчиња, коишто со децении се оставени на институционалните маргини, на слаби позиции и со чувство дека сиот живот ќе треба да им служат на партиските патрони коишто се однесуваат како да ги плаќаат овие момчиња од свој џеб. Убедени се дека само Господ преку природна селекција може да ги смени овие водачи на несреќата, коишто со години создаваа редици младински иселеници што наликува на еврејскиот егзодус.
Пред многу време, еден странец ми рече дека ДУИ наликува на сатанистичка секта што постои само за себе, осиромашувајќи го безгранично својот народ, којшто народ сега веќе е принуден да си ги оддалечи своите најмили во туѓина.
Голем број дипломати сега со многу леснотија ќе ви кажат дека ДУИ е еден сериозен канцер на државата и на Албанците. Во вакви околности инфекцијата преоѓа и на делот од коалицискиот партнер којшто започна идеалистички, дури и успеа да направи и постигне многу работи, иако и во тој политички субјект има многу такви шти немаат ништо заедничко со своите идеали. Сепак, мислам дека еден колку-толку здрав дел од СДСМ како да има предиспозиции да му даде за право на меѓународниот фактор за деформација кај партнерот и внатре во својата партија, и во иднина не се исклучени и порадикални мерки, па дури и “развод“ помеѓу нив.
Начинот на којшто функционираат овие кабадахии не може да продолжи уште долго, бидејќи тоа директно носи кон враќањето на груевизмот на власт, со кои овие партнери делеле толку многу мед меѓу себе, колку и отров за луѓето.
Така што, мислам дека набргу ќе можеме да очекуваме развој на три опции. Првата е – промена во делувањето на ДУИ коешто како долгогодишен партнер на Груевски и неговото опкружување, тешко дека ќе се случи. Ова е можно само со кардинални кадровски промени. Второто е експлозија внатре во ДУИ, нешто што веќе долго време е под точка на вриење и само чека на моментот. И третото, раскинување на коалицијата помеѓу ДУИ и СДСМ и праќањето на ДУИ во опозиција, нешто што со леснотија би го импонирало внатрешното реформирање или распад, ако ова не се случи. Како и да завршат меѓупартиските односи, ова не може да продолжи вака. Можеби претседателските избори за едно кратко време ќе го одложат епилогот, но соочувањето на горчливата реалност се чини дека долго време тропа на врата.
Во пресрет сме на почетокот на преговорите со ЕУ, што подразбира дека треба да се искористи и да се има голем професионален потенцијал, а со овој ментален склоп е речиси неможно да го имаме. А тоа што се случи со имунитетот, е само симптом на една тешка болест.