Меѓународниот ден на младите, 12 август, кој со резолуцијата 54/120 на Обединетите нации во 2000 година е усвоен со цел постојано да се унапредува положбата на младите во општеството.
Целта е вклучување на младите во општетвото како клучен фактор за градење и одржување на мирот и безбедноста, но и нивно активно учество во политичките, економските и социјалните процеси.
Во светот има скоро 2 милјарди млади луѓе на возраст од 10 до 24 години, а годинава тема на Меѓународниот ден е трансформацијата на образованието, за да се одбележат напорите за правење поинклузивно и подостапно образование за младите.
Меѓународниот ден на младите ширум светот се одбележува со концерти, културни настани, средби на младите со претставници на национални и локални власти и низа други активности.
Денеска во Котур, Младинскиот совет на Aмбасадата на САД во Северна Македонија организира неформална дружба со почеток во 18 часот. Влезот е слободен и отворен кон секого.
Исто така, Агенција за млади и спорт денеска во Јавна соба со почеток од 18 часот организира панел дискусии по повод Меѓународниот ден на младите, на теми „Малдински центри“ и Инклузивно и трансофрмативно образование“.
Б. Ј.