Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам, 2 април има за цел да стави акцент на пречките со кои се соочуваат секојдневно луѓето со аутизам и другите кои живеат со лица со аутизам, а исто така се прославуваат уникатните вредности на истите.
Аутизмот претставува нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намелена способност на социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување.
Видеото е снимено во 2018г на неколку локации во Скопје со помош на Ретвитни оброк, Аеродром Стенковец, Прв извиднички одред Скопје со учество на деца со аутизам со што ја покажавме инклузијата во пракса. Во песната е искористена музика од групата Баклава, аранжманот е на Сашо Ливрински а ја изведува Ангела Табакоска. Текстот на песната е направен со помош на едниствениот јазик на Ерато.
Овој ден има за цел да ги охрабри државите членки на Обединетите нации да преземат мерки за подигнување на свеста за лицата со нарушувања на аутистичниот спектар, вклучително и аутизам и синдром Аспергер низ целиот свет. Назначен е со резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации “62/139. Светски ден на свеста за аутизмот”, донесена во Советот на 1 ноември 2007 година, а усвоена на 18 декември 2007 година. Оваа резолуција беше донесена и усвоена без гласање во Генералното собрание на ООН, главно како додаток на претходните иницијативи на ООН за подобрување на човековите права.
Светскиот ден на аутизмот е еден од само седумте официјални здравствени специфични денови на ООН. Самиот ден ги обединува индивидуалните организации за аутизам низ целиот свет да помогнат во работи како што се истражување, дијагностицирање, третман и прифаќање за оние кои се погодени од ова развојно нарушување.
„Пссст… Каменот има нешто да ви каже“ е насловен годинашниот проект со кој Националната галерија го одбележува 2 Април – Меѓународниот ден за подигнување на свеста и борбата со аутизмот.
Под менторство на едукатор Маја Димитрова, а учествуваа учениците од ДСУРО „Св. Наум Охридски“, ПОУ „Иднина“ и здруженијата за деца со посебни потреби „Имаго плус“ и „Дама ел“. Изложбата од работилниците на деца со аутизам е прикажана на Фејсбук.
„Ваквите проекти праќаат порака за повеќе грижа и повисоко ниво на општествена свесност, обезбедување услови за секојдневно функционирање на децата со интелектуална попреченост и нивна културолошко-социјална инклузија, поддржана пред сè на институционално ниво“, истакнува Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија.
A.П.