УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Еве како изгледа тоа со пропагандно затрупување на јавноста кога се инсистира само на ширење на негативна енергија, непроверени вести и произволни конструкции кои треба да докажат дека во државава не се случува ништо друго, освен „криминалите на власта“. И тоа само во еден викенд, минатиот…
Прво беше спектакуларната саботна најава дека извесен регионален пробисвет Радоје Звицер, за кого српските власти наводно добиле Европол дојава дека подготвувал атентат врз тамошниот претседател Вучиќ (нормално, вмровските полицајско-безбедносни извори се секогаш импресионирани од заканите врз Вучиќ), имал македонски пасош нелегално издаден пред година-две, во онаа афера „Двојник“ (што ја откри опозицијата) кога паднаа повеќе службеници на МВР кои, за убави пари, штанцале фалц-оригинали на македонски пасоши… Неколку часа потоа, МВР демантираше дека овој едикојси бил „среќен добитник“ на таков пасош. Аферата се издиша уште пред да се надуе, иако дуењето може и да продолжи неделава, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Во реформите е клучот, а не во „масирање“ на јавната перцепција“
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Денешниот Утрински брифинг од 7.30 до 11 часот е во тек!
„Утрински брифинг“ е местото каде секој работен ден од 7.30 до 11 часот, низ динамична програма со актуелни информации, анализи и разговори со гости, се поставува општествено-политичката агенда на денот.
Брза пошта, ВАША рубрика во Слободна зона: Останете гласни!
Неодамна, Цивилмедиа.мк воведе нова рубрика – „Брза пошта“, каде што авторките и авторите можат да ги овековечат своите мисли, белешки и пораки. Во трката со времето, често се нема време за пишување долги и елаборирани коментари и анализи, а потребна е брза реакција. Затоа, Редакцијата одлучи да отвори таков простор кој може да послужи и како своевидна комуникациска алатка, размена на мисли и пораки, но и вовед во пошироки анализи и мислења.
НАСТАНИ
МЕЃУВЛАДИНА СЕДНИЦА: Денеска започнува работниот дел од официјалната посета со пленарната меѓувладина седница со која ќе копретседаваат премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, јавува екипата на ЦИВИЛ МЕДИА од Софија.
Предвидена е тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и состанок на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи со министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска. Премиерите и министрите на двете влади после одделните работни средби ќе продолжат со пленарната седница на којашто ќе бидат презентирани резултатите од работните групи, по што ќе следува потпишување меморандуми и договори за соработка.
СУДЕЊЕ: Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се осомничени за нелегалната набавка на софтвер. Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Л
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев