Германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ објави дека Германската канцеларка Меркел се изјаснила негативно по желбата на Европската комисија за давање датум за преговори на Северна Македонија за приклучување кон ЕУ.
Според весникот, на седницата на Комисијата за европска политика на Бундестагот, канцеларката Ангела Меркел ставила јасно до знаење дека одлука за датумот за преговори на Северна Македонија за приклучување во Европската унија би можело да се донесе „најрано во октомври“.