Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска потврди дека Рамиз Мерко повторно ќе биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга.
Груби, на новинарско прашање по јавниот настан во Струга по повод 20 -годишнината од Рамковниот договор, изјави дека предлогот за повторно канидирање на Мерко за градоначалник на Општина Струга на претстојните локални избори, доаѓа од лидерот на партијата, Али Ахмети.
„Уште еднаш ќе победиме. Ова не е само благодарност за сите овие јубилеи, туку и благодарност за работата што ја прави Рамиз Мерко заедно со тимот, заедно со сите вас што сте тука во панелот за трансформација на Струга. Нема патишта, нема булевари во Струга каде што не се работи. Нема проект што не се реализира.
„Нема проект со кој тој аплицираше до Владата и беше одбиен“, рече Груби.












