Активистката за човекови права, Мерсиха Смаиловиќ, неуморно пишува за ситуации и состојби на кршење на човековите права и слободи, дискриминацијата и говорот на омразата. Во денешниот пост на нејзиниот Фејсбук профил, дознаваме за една немила ситуација во која и самата била мета на говор на омраза.
„При моето болно враќање во Македонија, се направи голема гужва на пасошка контрола. Жена со мала ќерка која и спие во рацете позади неа бремена жена со мало детенце, чекаат во истата гужва. Го прашавме полицаецот дали можат да ги пуштат, зошто секаде во СВЕТОТ имаа предност родителите со мали деца и бремените, ни кажа сами тоа да го направиме, тие не можат тоа
Иако Mare сакаше, ама бргу се предомисли, кога 3 жени се бутнаа преку ред. Сите реагиравме, и нормално почна караница која не траеше долго, битно, ги пропуштија семејствата да поминат. Жените кои се бутнаа преку ред патуваа заедно во група од 5 или 6 жени, меѓу себе почнаа да разговаарат за инцидентот и ги разбрав како кажа: Како не и срам, носи шамија а се кара! И сите погледаа кон мене!
СРАМ не ми е! А не знам со какви покриени сте вие во контакт, ама шамијата е токму тоа, да се карам и се борам кога се прави неправда! Шамијата значи да кренам свест дека околу нас има ранливи категории на луѓе на чија страна и поддршка треба ние да застанеме! Ако некоја од вас го чита ова, ете, мала кратка лекција, ЗОШТО НЕ МИ Е СРАМ!“
Џ. Д.