Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Тирана соопштил дека, како врховен командант ќе ја извади армијата на улица доколку на 30 јуни има обид да се спроведат изборите.
Според Мета, тој добил информации од странски служби за обид за нереди, и како шеф на државата не може да го дозволи.
По дводневни конфликти и меѓусебни расправии, синоќа во Скадар претставници од опозициските партии запалија училница со изборни материјали на Зонската комисија за изборна администрација.
Претставниците на Демократската партија и Општина Скадар се судрија со Специјалните единици за брза интервенција, како што се случи претходно истиот ден и во спортската сала во Скадар.
Општина Скадар бара ослободување на просториите во кои се сместени Зонската комисија за изборна администрација и изборните материјали, бидејќи претседателот со декрет ги одложил изборите.
Поранешен претсавник на Демократската партија изјавил дека ова е само почеток на револтот на народот кон тие што им импонираат на Албанците гласање без избори.
Д. Т.