Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжува судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Трезор“ за набавка на опрема за шпионирање, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој е донесен во судница од затворот Шутка, каде се наоѓа во притвор за предметот „Империја“.
Покрај Мијалков во случајот „Трезор“ се обвинети и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство во Солун.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на буџетот при набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
Мијалков пред извесен период е приведен за случајот „Империја“, којшто за тој предмет е приведен и Орце Камчев.