За сите кои не знаат во каква состојба се вработените во образованието, еве ја состојбата во бројки.
Ако некому ни тоа не му е јасно, да дообјаснам:
За сите кои не знаат во каква состојба се вработените во образованието, еве ја состојбата во бројки.Ако некому ни тоа…
Gepostet von Frosina Mitruseva am Dienstag, 26. März 2019
Минималната плата во основното образование е 73,55%, а во средно образование 75,8% од утврдената минимална плата во државата.
Ако се’ уште не е јасно, минималната плата во образованието е минимум кој е под минимумот.
Не е јасно како е можно? Е не е, ама можно е.
Ако некого интересира колкава е платата на наставник или професор (значи, вработен со високо образование и највисок степен на сложеност и одговорност во образованието), таа е 89% повисока од минималната плата во државата (определена за работење на работи за кои не требаат посебни квалификации и имаат најнизок степен на сложеност).
Благодарност до СОНК, синдикатот кој ги заштити правата на просветните работници со потпишувањето на овој договор за минималана плата во образованието со МОН.
Посебна благодарност и до Владата за грижата за образованието.
Бројките говорат многу вистини.
За крај, еден цитат:
„Ако сакате да уништите една држава, уништете го нејзиното образование.
Фејсбук статус на Фросина Митрушева