САФИТ ЗЕЌИРИ
Од почетокот на овој милениум социјалните мрежи, во својата најосновна форма, се интеракција на поединци со заеднички интереси преку онлајн платформа, користејќи ги овие алатки да „кажуваат – пишуваат“, односно објават тоа што мислат. Овој концепт е чудо на модерната технологија, овозможувајќи им на луѓето од целиот свет да се поврзат и да комуницираат меѓу себе.
Најкарактеристичниот феномен на нашето време е тоа што обичниот ум, препознавајќи се себеси како обичен, има самодоверба да ги бара правата на обичните луѓе и да ги наметнува кога и каде сака. Така најбрзо што може да се каже и да се пишува во социјалните мрежи преку објави на истите, со што за свое право си зема да „кажува“, односно пишува слободно за сè. Поради тоа што светот во кој живееме е сè повеќе поврзан, со луѓе кои живеат низ различни региони кои комуницираат во реално време без да излезат надвор од нивниот дом, тоа е едно од чудата на модерната технологија.
Човекот може да одлучи за тоа што сака да каже, но не за тоа што го кажувал. Откако ќе го изговори зборот и, згора на тоа, ќе го пишува и објави по социјалните мрежи, дури и тој што го чита може да одлучува што сте сакале да кажете.
Така човекот повеќето од времето што го поминува на различни веб страници истражувајќи за се по нешто, за пандемијата, вакцините против Ковид вирусот и продолжува така до секојдневното, за решавањето на „политичките проблеми“, до барањето на избори!
Фактите на ставовите на обичниот ум за пандемијата, вакцините против Ковид вирусот не се воопшто невообичаени. Всушност, специфичните теории за сите видови нешта сега се сеприсутни. Постојат теории на заговор за ширење на вирусот, колку е потребно вакцинирањето, зошто втора, па трета и четврта доза, се до тоа што ќе се случи кога човекот ќе слета во МАРС и “Ајде на избори“. Повремено, теориите на заговор излегуваат како вистинити, но сепак повеќето од нив се всушност чисти илустрации на една неверојатна вистина поради тоа што многу обичниот ум се меша во туѓите работи.
Се разбира дека теориите кои се шират со брзина на светлината по социјалните мрежи од „експертите“ кои цел ден поминуваат по социјалните мрежи, немаат основа, и ова може да ве натера да се запрашате зошто да се верува во тоа. Прашањето е, Зошто ако се оди во избори се ќе се смени и ќе се решат сите проблеми? Дали е само една верзија на општото прашање поставено од американскиот скептик Мајкл Шермер: Зошто луѓето веруваат во чудни работи? Колку е побизарно верувањето, толку е поизненаден фактот дека некој може да го има тоа верување. Прашувањето зошто луѓето веруваат во работи не е исто како да прашувате зошто веруваат дека врне додека гледате зад прозорецот каде што паѓа снег. Јасно е зошто луѓето веруваат дека врне додека имаат силни докази, но далеку од јасно е зошто изборите се излез од сите кризи.
Разликите во интелектуалниот карактер помагаат да се објасни зошто луѓето во иста ситуација на крајот веруваат во работите толку различно. За да мислите дека интелектуалните карактерни црти се релевантни за интелектуалното однесување на една личност, не треба да мислите дека другите фактори, се ирелевантни. Интелектуалниот карактер го објаснува интелектуалното однесување само во врска со многу други работи, вклучувајќи ја ситуација и начинот на кој мозок ги обработува информациите. Ситуационизмот навистина би бил проблем за ставот дека карактерните црти го објаснуваат нашето однесување без оглед на ситуационите фактори, но тоа не е поглед на карактерот што некој некогаш сакал да го заштити.
Оттука следи прашањето, Зошто толку упорни за предвремени избори?, Кои се решенијата?, Како го гледаат излезот од економската и енергетската кризата? итн итн…