• Latest

Мицкоски го брани Макрон, овој го демантира својот „бранител“. И тоа во истиот ден!

November 13, 2019

24 ЧАСА: Со онлајн петиција и мобилизација СДСМ против мигрантите; МВР со апел – петардите не се играчка; Се разгоруваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа

December 9, 2025
Џабир Дерала (Фотгорафија: НДИ Косово)

Дерала на ДИСИКОН 9, Приштина: Вештачката интелигенција ги редефинира изборите и отвора нови ризици за демократијата

December 9, 2025
Фото: МВР

МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!

December 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицкоски го брани Макрон, овој го демантира својот „бранител“. И тоа во истиот ден!

November 13, 2019 09:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за загрепскиот дневен весник „Вечерњи лист“, првиот човек на опозицијата од земјава изнесе многу невистини во однос за преговорите меѓу Македонија и ЕУ, обидувајќи се да го правда францускиот претседател Макрон како лице кое го блокирало почетокот на преговорите. Мицкоски излезе со теза дека францускиот претседател не бил единствен, односно дека отпорот кон нашето барање за исполнувањето на ветениот датум за старт на преговори, наводно имал поширок консензус во Брисел.

СПИН:

На прашање на новинарот зошто Макрон ги блокирал пристапните преговори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вели:

Најнапред морам да ве исправам: сметам дека ова не беше еднострана одлука на претседателот Макрон, како и дека со него се неколку земји-членки кои имаа аргументи за одлуката која ја донеле… Зборувам за многу влијателни земји кои тешко дека донеле импулсивни и неоправдани одлуки.

Извор: Вечерњи Лист, датум: 7. ноември 2019

КОНТРАСПИН:

За верување е дека оваа теза на претседаелот на ВМРО-ДПМНЕ не најде плодно тлo кај сите кои ја следаат оваа тема. Јасна беше ситуацијата во текот на носењето на одлука во однос на барањето на Северна Македонија, односно нејзиното недонесување во формална смисла.

Случајот сакаше и самиот Макрон да го демантира Мицковски во интервјуто кое го даде за лондонски „Економист“. Интервјуто го пренесе и редакцијата на „Дојче Веле“ на македонски јазик.

Тоа беше објавено на 7 ноември, истиот ден кога и интервјуто на Мицкоски со наслов „Макрон: Сите во ЕУ беа за преговори со С. Македонија, но не и со Албанија“. Во поднославот стои „Францускиот претседател Макрон во интервју за магазинот Економист вели дека е подготвен да се согласи да започнат преговори со Скопје, доколку во следните месеци се реформира процедурата, а земјата продолжи со реформите.“

Во текстот веднаш, на почетокот на цитатот на статијата стои: „Францускиот претседател Емануел Макрон ги обвинува останатите држави-членки на ЕУ дека се задскривале зад француското вето за почетокот на преговори со Северна Македонија и Албанија на самитот во Брисел, и дека во суштина, согласност за зелено светло имало само за Скопје. Тоа пак, според него, ќе било фатална грешка. Во интервју за британскиот магазин Економист водено на 21 октомври годинава, а објавено денеска, Макрон вели дека ќе попушти за преговори со двете земји, но само доколку во следните месеци се направат реформи на преговарачката процедура, а Скопје и Тирана довршат уште некои реформи. Но нема да попушти за натамошно проширување на ЕУ“.

Од горе цитираното јасно се издвојува ставот на самиот Макрон за неколку работи:

      • се работи само за француско вето (!);
      • во суштина, согласност за зелено светло имало само за Скопје, со што и признава дека ако можело да се издвои кандидатурата на Северна Македонија тој би гласал „за“;
      • дека тој е подготвен да се согласи да започнат преговори со Скопје, доколку во следните месеци се реформира процедурата, а земјата продолжи со реформите;

Со ова се демантира и ставот на Мицковски во споменатото интервју за „Вечерњи лист“ дека не верува оти Макрон би ја прифатил кандидатурата на земјава. По игра на случајот францускиот претседател Макрон лично го демантираше спинот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски.

Ова, секако, е најдиректно и најјасно оспорување на тезите со кои Мицковски во иднина ќе настојува да биде Макронов „адвокат“ во овој предизборно-изборен период и тоа преку видливо спинување на реалната состојба околу односите меѓу Скопје и ЕУ односно Северна Македонија и Франција.

извор: Вистиномер

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кривична за Костадинов за набавка на електрични автобуси, екс-градоначалникот на Струмица ги отфрла сите сомнежи

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Неколку украински деца киднапирани од Русите насилно испратени во Северна Кореја, илјадници испратни во руски кампови за милитаризација и русификација

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Многу врева за ништо

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ