Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба изјави дека имале плодна и квалитетна дебата.
„Остануваме посветени на ЕУ интеграцијата на Македонија и добивање датум. Друга алтернатива за Република Македонија и не постои“, изјави Мицкоски.
Што се однесува до предвремените парламентарни тој истакна дека тие се неминовност. Во однос на датумот Мицкоски потенцираше дека е постигнат со консензус од сите лидери.
За разлика од ставот на премиерот Зоран Заев, Мицкоски смета дека пописот треба да се одложи за 2021 година.
Новинарското прашање дали ќе го укине преспанскиот дорговор и дали ќе го смени името ако победи на изборите, Мицкоски го избегна со зборовите „доста сме зборувале за тоа до сега…“.
М.И/А.З