Груевски треба да остане без својот мандат бидејќи неоправдано отсуствува од собраниска работа повеќе од шест месеци.
Денес во 11 часот е закажана седница каде се очекува Никола Груевски да го изгуби својот пратенички мандат, на еден или друг начин. Сѐ уште не е познато дали мандатот ќе му се одземе со гласање или пак собранискиот спикер Талат Џафери само ќе му ја констатира оставката.
Пратениците од власта сметаат дека Џафери треба да постапи согласно Деловникот и Изборниот законик и бидејќи Груевски не е лично присутен, да го стави на расправа заклучокот од комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања која препорача одземање на мандатот.
Христијан Мицкоски повтори дека тие ќе гласаат за одземање на мандатот, доколку се донесе одлука да се гласа.
А.М.