Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на прес конференција побара лидерска средба, но потврди дека ќе учествува и ако средбата ја свика и иницира претседателот Стево Пендаровски. Мицкоски рече дека не е важно кој ја иницира, туку важно е да се одржи таква средба час поскоро.
“Јас повикувам на лидерска средба. Но еве ако претседателот повикува за во недела, за да бидам појасен, ќе учествувам, но треба и официјално да добиеме покана”, изјави Мицкоски.
А. Зеќири