Министерството за правда ја демантира изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека министерката за правда, Рената Дескоска, нема менаџерски способности да инајде заедничко решеие. Мицкоски изјави дека државата нема да добие јасна преорака за ЕУ оваа година и дека најлесно е да се префрли вината на опозицијата.„Амандманите се на маса, нека ги прифатат“, изјави Мицкоски, а Министрстовото одговара дека неговиот менаџер од Будимпешта му дава лоши насоки што се косат со принципите на владеење на правото и правдата.
„Воедно, би сакале да ја истакнеме нашата согласност во однос на тежината на менаџирањето на процесот на носење на закон кој треба да ги отвори преговорите на ЕУ со нашата држава.
Законот со себе носи силни последици за сторителите на кривични дела. Тоа претставува посебна тежина во менаџирањето на процесот кој треба да овозможи продолжување на кривично гонење и финализирање на судски постапки против сегашни и поранешни високи функционери на политички партии, кои сега треба да го поддржат законот. Едноставно, тежината е во тоа што законот тангира голем број страни од кои се очекува поддршка во Собранието со цел отпочнување на преговорите со ЕУ“, се вели во демантот на Министерството за правда.