Христијан Мицкоски ја оценува како неточна изјавата на дополнителната заменик министерка во МВР, Славјанка Петровска дека италијанските власти реагирале кај министерот Наќе Чулев за спроведената акција кај селото Крушопек и за издавањето на информации во јавноста.
„Навитина би сакал да знам од каде е информацијата дека нашите сојузници од Италија реагирале. Ако ги прашате нашите сојузници од Италија ќе добиете поинаков одговор од тоа што заменичката го изјави во „360 степени“. После 12 април ќе има можност Петровска и останатите кои паралелно се молеа да биде неуспешна, а се случи да биде успешна акцијата, брифираа погрешно во јавноста и изнесуваа детали од акцијата, но за тоа ќе зборуваме погласно после изборите, вели Мицкоски.
Вчера во интервју за емисијата „360 степени“, Петровска рече дека со однапред издавање на инфорамциите и соопштувањето дека се работи за огромна акција од страна на Чулев, биле информирани структури, а тоа не требало да се случи. Таа рече дека акцијата е пробиена и не е постигнат посакуваниот ефект кој италијаските власти очекувале да се случи.
П. Клинчарски
Повеќе на темата:
Во обид за политички профит во Крушопек, Чулев и ДПМНЕ со мега скандалозна утка