За време на посетата на САД, во Вашингтон, премиерот Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби од американскиот политички, општествен и економски живот.
Мицкоски се сретна со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компании, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“ групацијата.
На средбата се разговарало за проекти од областа на економијата, можностите за инвестирање и продлабочена соработка помеѓу двете држави.
„Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас.“, истакна Мицкоски.
Мицкоски учествуваше и на прединагурациската свеченост МАГА- бал кој се приредува од поддржувачите на Трамп каде се сретнал со активисти и поддржувачи на Трамп, меѓу кои и со новинарите и медиумските личности Такер Крлсон, Мегин Кели и со Патрик Бет Дејвид бизнисмен и сопственик на американскиот бејзбол клуб Њујорк Јенки.
Мицкоски оствари средба и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика, како и со претставници на организацијата „Македонија 2025“.