ЦИВИЛ организираше креативна работилница „Обединети против насилството“ заедно со основните и средни училишта од Гази Баба, локалната самоуправа и полицијата со цел да придонесат кон јакнење на јавната свест и граѓанската едукација на локално ниво против насилниот екстремизам.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=nayigc4azwg[/embedyt]
Младите и креативни ученички и ученици од основните и средни училишта од Гази Баба преку бои, симболи, покраки и црежи покажаа како тие придонесуваат кон мирот, слободата, пријателството, ненасилството….
Во присуство на своите професори и наставници, претставниците на Општина Гази Баба, СВР Гази Баба, Националниот координатор за спречување на насилниот екстремизам и градоначалникот на Гази Баба, младите покажаа дека тие го знаат патот против сите форми на насилство.
Работилницата беше проследена со видео проекции, музика, доделување симболични награди за учесниците на работилницата, како и благодарници до учесниците во проектот од Општина Гази Баба.
Свои обраќања имаа и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, и Борче Петревски, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот.
ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.
Б. Јордановска