Група од неколку дечиња на велосипеди се собираат на правливата улица во источна Саудиска Арабија, каде што тогаш 10 годишниот Муртаја Курејрис ќе ги собере другарчињата и ќе протестираат.
„Луѓето бараат човекови права!“ – извика тој на мегафонот пред насобраната маса од деца.
Како дете, Муртаја учествувал во демонстрации како ова возење со велосипед, изразувајќи несогласување со политиката во источната арапска провинција за време на арапската пролет во 2011 година.
Три години откако беше снимен како учествува на протестот на велосипеди, саудиските власти го апсат Курејрис, тогаш само 13 годишен. Тој, патувајќи со своето семејство во Бахраин, е уапсен на граница од саудиските власти.
Во тоа време, тој е познат од адвокатите и активистите како најмладиот политички затвореник во Саудиска Арабија.
Сега, на 18 годишна возраст, Курејрис се соочува со смртна казна, откако во притвор помина речиси четири години.
А. Мехмети