Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Државната изборна комисија ќе одржат прес-конференција на 20 февруари со почеток во 12 часот. На прес конференцијата ќе бидат презентирани заложбите за создавање на инклузивни изборни процеси, извештајот, заклучоците и препораките од мониторингот од страна на лица со попреченост, како и искуствата на набљудувачите со попреченост на Референдумот во 2018 година.
Се очекува учество на претставници на ДИК, Министерството за локална самоуправа, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за труд и социјална политика, како и на меѓународни и домашни организации кои работат на оваа проблематика, медиуми, граѓански организации и претставници на политички партии.
Б. Ј.