Здружението Млади европски федералисти – Македонија организираат панел дискусијата „ЈаИзбирамЕвропа: Избори за Европски Парламент 2019 – можности и предизвици за Република Северна Македонија“.
Дебатата се организира во рамките на кампањата „Ја Избирам Европа“ – паневропска кампања за претстојните избори за Европски Парламент.
Панел-дискусијата ќе се одржи на 20.април во ЕУ Инфо Центар со почеток од 10:30 часот. Целта на панел-дискусијата е да се покрене дебата за влијанието на новиот состав во Европскиот парламент врз процесот на зачленување на Република Северна Македонија и регионот во ЕУ.
Говорници на оваа панел-дискусија се Елишка Гертнерова, Делегација на Европска Унија во Република Северна Македонија, Селин Гајсман, член на Извршниот одбор на Младите Европски Федералисти, Симонида Кацарска, Извршна директорка на Институтот за европски политики (ЕПИ), Лазар Поп Иванов, „Член 1“ – Институт за глобални политики и право, а поканети се и претставници на Министертвото за надворешни работи и Француската амбасада во Република Северна Македонија.