• Latest

МВР и ОБСЕ потпишаа Меморандум за соработка за намалување на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје

March 10, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МВР и ОБСЕ потпишаа Меморандум за соработка за намалување на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје

March 10, 2021 14:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска во Гевгелија, во рамки на одбележување на завршување на проектот „Намалување на ризикот од пролиферација на оружје и муниција“ што се реализираше во изминатите три години, потпишаа Меморандум за соработка со што го означија стартот на новиот проект „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“.

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој го потпиша меморандумот заедно со Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, се продолжува таму каде што застанале мотивирани од неопходноста на што поквалитетно справување со овој, бездруго, не само национален, туку и регионален и глобален предизвик – контролата на малото и лесно оружје и муниција.

– Ако во штотуку завршениот проект фокусот беше свртен кон самата институција, односно кон развивањето сеопфатна внатрешна регулатива и процедури согласно прифатените меѓународни стандарди, како и зголемување на физичката безбедност и обезбедување на контролиран пристап преку инсталирање на современ безбедносно-технички и телекомуникациски-информациски систем на мерки за безбедносна заштита, со новиот проект што стартува, целите се насочени многу повеќе кон институционално дејствување во спроведување на законот, преку развивање на професионални капацитети способни за справување со транснационалните закани и организираниот криминал, во согласност со меѓународните демократски начела и стандарди за човекови права, рече Спасовски.

Целта на проектот е намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на огнено оружје во земјава преку зголемување на капацитетите за превенција, детекција, анализа и истраги на МВР и на другите владини организации.

Министерот Спасовски изрази уверување дека и овој проект, што ќе се реализира до втората половина од 2023 година, идентично како и претходните, ќе биде успешен и ќе значи силен придонес во нашите намери да воспоставиме професионален, нормативно квалитетен и ефикасен систем во превенцијата на профилацијата на малото и лесно оружје

За Спасовски, проблемот со неконтролираното ширење на малото и лесно оружје во последниве години се здоби со важност во меѓународните, регионалните и националните агенди, бидејќи дополнителните глобални околности, особено во доменот на масовните миграции и видоизменувањето на терористичките концепти, ги мултиплицираа можните за опасни последици од неконтролираната пролиферација на ова оружје.

– Неретко сме сведоци дека овој вид незаконски и криминални активности претставува и еден од катализаторите кој што дополнително ги трансформира локалните инциденти во многу пошироки регионални и глобални настани. Од овој аспект примарно е заедничкото градење на стандарди за развој на ефективни системи за размена на информации и транспарентност, споделување на најдобри пракси, како и подигање на јавната свест преку спроведување на соодветни програми, рече Спасовски.

Безбедноста на националните залихи на малото и лесно оружје, според амбасадорот Која, е од огромно значење за зголемување на безбедноста и придонес во борбата против организираниот криминал и спречување на трговијата со луѓе, што на крајот придонесува и за безбедноста на граѓаните во регионот и пошироко.

Ото Граф, заменик-шеф на Германската амбасада во Скопје, истакна дека целта на овој проект е да го поддржи секторот за спроведување на законот во Северна Македонија за развој на својата професионална служба.

– Ова ќе и помогне на земјата подобро да се справи со транснационалните закани преку мало и лесно оружје, како и во борбата против организираниот криминал, рече Граф.

Европската унија и германското Министерство за надворешни работи обезбедија финансиска поддршка за двата проекти. Во рамки на првиот проект, Мисијата на ОБСЕ му помогна на МВР да ја надгради безбедносната инфраструктура на 15 гранични премини низ целата земја, да воспостави стандардни оперативни процедури за управување со залихите на мало и лесно оружје и да ја зајакне улогата на Националната комисија за овој тип оружје.

Инаку, со Меморандумот, МВР и ОБСЕ и формално се согласуваат да спроведат неколку проектни активности за зајакнување на капацитетите на Министерството за детекција на малото и лесно оружје преку ефикасна употреба на службените кучиња, пилотирање на систем за размена на информации во реално време како придонес во борбата против недозволена трговија со мало и лесно оружје и зголемување на свеста кај јавноста од пролиферацијата и злоупотребата на оружјето.

–  Активноста која се однесува на унапредување на оперативните и аналитичките капацитети за борба против недозволена трговија со мало и лесно оружје на Националната комисија за контрола на мало и лесно оружје особено ја истакнувам како чекор напред кој значително ќе придонесе и кон оптимизирање на работата на Комисијата, но и кон ефикасно спроведување на патоказот кон одржливо решение за незаконско поседување и шверц со мало и лесно оружје и муниција за Западен Балкан до 2024 година, истакна  меѓу другото Спасовски.

Министерот Спасовски се заблагодари на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и на амбасадорот Која за организирањето на овој настан за одбележување на почетокот на проект, финансиран од германското Сојузно министерство за надворешни работи.

И покрај пандемијата, посочи Спасовски, во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа успешно е реализиран уште еден проект „Намалување на ризик од пролиферација на оружје и муниција“. Со реализацијата на овој проект е обезбедена зголемена физичка и информатичко-технолошка безбедност на залихите на мало и лесно оружје и муниција во петнаесет станици на граничната полиција и еден Регионален центар за гранични работи со цел обезбедување на сигурни и безбедни објекти за складирање на огнено оружје и муниција во согласност со меѓународните стандарди, а се изготви и стандардна оперативна процедура и Упатство за начинот на примена на истата.

Периодот што следи, најави министерот Спасовски, ќе биде исполнет со интензивни конкретни активности со кои ќе можеме да докажеме дека земјава е силно посветена на борбата против нелегалното поседување, злоупотреба и нелегална трговија со мало и лесно оружје и дека е цврст поддржувач на активностите кои поставуваат основа за засилена соработка за спроведување на Патоказот.

Во рамки на континуираните и примарни задачи на Министерството за внатрешни работи, конкретно во поглед на делот којшто се однесува на сите аспекти од контролата на пролиферацијата на малото и лесно оружје и муниција, потенцира Спасовски, полицијата продолжува сериозно и пред се темелно да ги зголемува своите капацитети – како за успешно и ефикасно спречување на недозволената трговија со овој вид на оружје, така и за нормативна и аналитичка регулација на овој сегмент, а се во насока на превенција од секакви потенцијални злоупотреби.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ