• Latest

МЗ: Совети и препораки за пациенти со пулмонални заболувања во услови на пандемија со КОВИД-19

April 16, 2020
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

МЗ: Совети и препораки за пациенти со пулмонални заболувања во услови на пандемија со КОВИД-19

April 16, 2020 10:29
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови кога на глобално ниво е прогласена пандемија поради рапидно ширење на вирусот САРС-КОВ-2, Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија упатува стручни препораки за лицата со хронични белодробни заболувања, кои спаѓаат во групата болни со висок ризик за разивање потешка клиничка слика на Ковид-19 и имаат зголемен ризик од несакани последици и фатален исход.

Во овој период посебно внимателни треба да се лицата со со: астма, хронична опструктивна белодробна болест-ХОББ, цистична фиброза, хронични интерстициелни болести, хронични болести на пулмоналната циркулација, болните со екстремна дебелина, проследена со хиповентилациски синдром, лицата на имуносупресивна/имуномодулаторна терапија, како и болните со малигни болести на белите дробови и плеврата), се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Од Универзитетската клиника посочуваат на повеќе превентивни мерки.

Болните со хронични белодробни заболувања строго да се придржуваат кон препораките на надлежните органи за самоизолација, избегнување непотребни контакти со други лица, дури и доколку тие во моментот не манифестиираат симптоми на настинка или болест. Ова се однесува и на членовите на фамилијата и пријателите, особено ако тие редовно одат на работа, набавки и слично.

Одржување лична хигиена, често миење (или дезинфекција) на рацете, особено пред јадење и веднаш по  кашлање

Болните со хронични белодробни болести често имаат хронична кашлица и се потенцијален здравствен ризик за својата околина, поради што е неопходно да користат марамчиња за една употреба при кашлање, кои веднаш ќе ги фрлат во пластична ќеса и ќе ги дезинфицираат или измијат рацете. Лицето кое ќе ги исфрла отпадните материи од болниот (ќеса со употребени марамчиња, пластични предмети за една употреба и слично), треба да ги затвори во друга ќеса и да ги депонира во контејнерите за отпадоци. При манипулација со нив, задолжително да се носат ракавици за една употреба, кои ќе се фрлат веднаш по употребата и рацете да се дезинфицираат/измијат со сапун.

Потребно е болните да имаат свој прибор за лична хигиена, крпи, садови, кои ќе бидат адекватно означени, за да не се мешаат со истите од другите членови на фамилијата.

Потребна е и дезинфекција на површините во домот со алкохол или со средства за дезинфеција на база на алкохол.

Болните да не прекинуваат со употреба на веќе препишаната редовна терапија за контрола на нивната болест. За таа цел, овозможено е матичните лекари да ја препишат терапијата врз основа на претходно издадени извештаи од специјалист/супспецијалист за да се спречи беспотребно движење на болните во здравствените установи.

Во редовната исхрана да се воведат состојки кои содржат антиоксиданси, бета-каротен и витамин Ц (шумско овошје, моркови, агруми), редовно спиење и одмор, како и физички вежби во рамките на можноста (зависно од степенот на ограниченост поради основната болест)

Постапка при влошување на тегобите од хроничната болест

Во случај на појава на зачестена или поинтензивна кашлица, зголемување на количината или промена на бојата и густината на искашлокот, влошување на заморот или појава на нови тегоби, како на пример, покачена температура, болка, крвав искашлок, препорачуваме болниот веднаш да стапи во контакт со својот матичен доктор. Во услови на оваа вонредна состојба, матичните доктори ќе обезбедат најбрза и воедно и најадекватна првична помош на болниот и претставуваат централната карика која го поврзува болниот со останатите нивои на здравствена заштита.

Доколку состојбата на болниот е многу тешка, односно по процена на матичниот доктор, треба да се контактира итната медицинска служба или службите на секундарната здраствена заштита (интернисти, пулмоалерголози, Центрите за астма и ХОББ на ниво на здравствени домови и регионални болници, ГОБ „8-ми Септември“).

Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија останува на располагање на сите болни за кои матичниот доктор, секундарната здравствена заштита или итната служба ќе проценат дека имаат потреба од терциерна здравствена заштита.

При секој контакт со медицинско лице во домашни услови или при посета на здравствените установи (преглед од доктор, земање лабораториски и микробиолошки примероци, контакт со домашна посета, итна медицинска помош и слично), болниот задолжително да носи маска, која ги покрива носот и устата, марамчиња за една употреба и средство за дезинфекција на рацете, се потенцира во соопштението.

Доколку болниот има честа и продуктивна кашлица, се препорачува носење заштитна маска и при контакт со членовите на фамилијата, односно лицата со кои живее или е во иста просторија и во непосреден контакт.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ