На 14 декември ЦИВИЛ потсетува на 14 член од Универзалната декларација за човековите права, како начин да се одбележи 70 годишнината од нејзиното постоење.
Членот 14 од Декларацијата гласи: Секој има право во друга држава да бара и да ужива азил поради пргонување. Луѓето не можат да се повикаат на ова право во случај на прогонување што произлегува од неполитички злосторства или од дејствија што се спротивставени на целите и начелата на Обединетите нации.
Правото на азил е основно човеково право и е во насока на заштита од повреда на човековите права во случај кога тоа не го прави неговата држава.