На 19 декември потсетуваме на 19-иот член од Универзалната декларација за човекови права кој гласи: Секој има право на слобода на мислење и изразување, што го опфаќа и правото да не биде вознемируван за своето мислење, како и правото да бара, прима и шири информации и идеи со било кои средства и без оглед на границите.
Слободата на говорот претставува право на слободно зборување и изразување без цензура или ограничување, или пак двете заедно. Слобода на говор како синоним на слобода на изразување понекогаш укажува не само на вербален говор, туку и на барање, примање и пренесување на информации или идеи, без оглед на медиумите кои се користат. Во пракса, правото на слобода на говор не е неограниченo каде и да е, и тоа правото е обично предмет на ограничувања како во однос на „говорот на омраза“.
Правото на слобода на говорот е признаено како човеково право според членот 19 од Универзалната декларација за човекови права како и во меѓународните закони за човекови и граѓански права во International Covenant on Civil and Political Rights. Оваа организација го признава правото на слобода на говор како „право да се имаа мислења без мешање“. Секој треба да има право за слобода на изразување.”
Слободата на изразување во Македонија е гарантирана со Уставот како највисок правен акт. Со член 16 од Уставот е дадена исклучително широка заштита на ова право и се гарантирани сите негови аспекти и појавни облици.